producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
CU 800 e бакарно средство отпорно на висока температура кое служи за подмачкување и заштита од корозија, зарибување, ладно заварување и абење. Ова средство е отпорно на вода, бази, киселини, и има температурна отпорност во опсег од -20 степени до +1200 степени.Многу добро прилега на површините кои се подмачкуваат, како што се кочници, монтажни делови, полови на акумулатор, лежишта, лизгачки површини.
Барањето за достапност е успешно испратено.
Својства и начин на делување:
Благодарение на високата содржина на бакарни честички како цврсто мазиво, посебно е погодна за примена при екстремни услови на оптоварувања и температура од -40°C до + 1200°C. Постојана на вода, бази и киселини. Ја олеснува монтажата и демонтажата на навојни споеви. Спречува појава на „ладно заварување“ на различни материјали и штити од запекување, зарибување и корозија. Високата температурна отпорност и високата точка на капење (топење) ја прават бакарната маст идеална за употреба кај кочни компоненти. Може да се употребува на полови на акумулатор, заптивки (спречува запекување на крутите заптивки), навојни споеви, лежишта, вртливи споеви, зглобови, лизгачки површини итн.
Упатство за употреба:
1. Темелно исчистете ги површините кои ги подмачкувате. Препорачуваме употреба на Würth средства за монтажно чистење.
2. Пред употреба протресе ја боцата.
3. Испрскајте го третираното место рамномерно на оддалеченост од 20-30 cm.
4. Доколку користите туба или конзерва, нанесете го подмачкувачот рамномерно со четка на третираното место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се прска, односно нанесува со четка на стаклени површини. Да не се користи кај сензорски систем за сопирање. Да не се изложува на температура повисока од +50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).
Чистач за кочници 500 ml за брзо отстранување масло, маст и нечистотии од кочници, мотори и метални делови. Брзо испарува без остатоци.
Крпи за чистење 100% памук, шарени, пакет 10 kg — работилнички крпи рециклирани од текстилни остатоци. Висока апсорпциона моќ за масла, маснотии и вода; пригодни за повеќекратна употреба или за еднократно отстранување на тешка нечистотија. Без структурирани димензии — мешана големина за разни апликации. Применливи во автомобилски сервис, метало-преработувачка работилница, печатарски погони, индустриско одржување и за конечно бришење после миење на рацете во работни средини.