Your cart is empty
Triathlon Карго Ултра LE SAE 10W40 е моторно масло за сите сезони за комерцијални возила со намалена емисија на издувни гасови и честички, кои имаат филтер за честички (DPF - Diesel Particulate Filter). Овозможува исклучително мало триење.Пакувањето е 208L
Прилагодено за комерцијални возила од новата генерација со значително продолжен интервал на замена на масло. Современата технологија на производство и врвните базни масла во комбинација со пакетот адитиви овозможуваат лесна работа со минимално триење и максимална заштита од коризија на сите склопови во моторот
Препорака: да се користи исклучиво за дизел мотори!
Примена: Оптимално за дизел мотори на комерцијални возила со филтер за честички (DPF/CRT) кои подлежат на строгите стандарди за редуцирана емисија на издувни гасови. Да се користи според препораките на производителите на возила. Максимален ефект е загарантиран ако моторот е исправен и редовно одржуван.
Спецификации: ACEA E9-08/E7/E6; API CI-4;
Маслото ги задоволува следните спецификации на производителите на возила:
MAN M 3477; MAN 3271-1; MB 226.9/228.51; Renault Truck RXD/RGD; VI RLD-2; Volvo CNG/VDS-3; Scania LA; CAT ECF-1-a; MTU Type 3.1 Cummins CES 20076, 20077; Deutz DQC IV-10 LA; Mack EO-M Plus/EO-N;