ROST OFF CRAFTY претстава високоефикасно нетоксично средство за разложување на корозија во запечатени навојни споеви, како и отстранување на шкрипење. Ова биоразградливо, неотровно средство не ја загадува околината, не го загрозува здравјето, ја отфрла водата од површината на која се нанесува и со своето продирање обезбедува целосен ефект на разложување на корозијата веднаш по нанесувањето. Ова средство нема мирис, не содри силикон и киселини, може да се користи во близина на прехрамбени производи без директен контакт со нив.
ROST OFF BLUE ICE е висококвалитетно средство за разложување на корозија на база на екстремно ладење, со ефект на исклучително продирање. Со нанесување на ова средство на навоен спој, температурата на материјалот се намалува до дури -45 степени, што овозможува создавање на микропукнатини во кородираниот слој, а тоа овозможува подобро продирање на активни супстанци. Средството опушта многу кородирани навојни споеви без уништување и оштетување на елементите на навојната врска. Ова средство содржи адитиви кои штитат од појава на корозија. Не оштетува гума и заптивки.
ROST OFF одвртувачот претставува висококвалитетно средство за растворање на `рѓа. Ова средство поседува силно капиларно дејство со оптимално продирање со кое се овозможува отпуштање дури и на исклучително кородирани споеви. Ефикасно заштитува и отстранува влага и `рѓа. Не содржи смола и силикон, не ги оштетува предметите од гума и пластика.