Својства и начин на делување:
Ја чисти кожата на рацете и создава невидлив заштитен слој. Содржи лимонска киселина која ги дезинфицира рацете и им дава пријатен мирис. Се нанесува на суви раце и се плакне со ладна или млака вода. Содржи абразив титаниум диоксид (TiO2) кој брзо се разградува во водата по само 3 минути и не ги запушува одводите. Не содржи сапун, бази и силиконски масла. рН неутрална. Не ја загадува околината. Биоразградливо. Дераматолошки тестирано.
Примена:
Чистење и заштита на раце
Упатство за употреба:
1. Со дозер се регулира количеството на паста. 6 грама паста се доволни за едно миење на многу нечисти раце.
2. Пастата се нанесува на сува кожа и се трие додека абразивот не ја извлече сета нечистотијата од порите.
3. Рацете се плакнат со ладна или млака вода.
4. Употреблива е во сите температурни услови, особено во зима кога кожата на рацете е ладна и чуствителна.