Својства и начин на делување:
Минерално масло за демонтажа на заглавени споеви, подмачкување, чистење и заштита на метални делови и електрични компоненти од влага и корозија. Одличните капиларни својства и ефектот на ладење до -30°C (важи само за спреј боцата) овозможуваат брзо и лесно продирање во корозијата, а со тоа и олабавување на кородираните споеви. Како чистач ги отстранува нечистотиите, остатоците од маст и масла.Со формирање на тенок вискозен заштитен филм ефикасно ја отстранува влагата, штити од корозија, го отстранува шкрипењето, го смалува триењето и абењето. Не содржи смола, киселина и силикон. Не оштетува гума, боја и пластика. Температура на примена -30°C до +130°C.
Упатство за употреба:
Независно од примената, пред употреба добро протресе ја боцата. Работна температура: од -10°C до +40°C.
За демонтажа /олабавување
1. Испрскајте го местото кое се третира на оддалеченост од 15 -20 cm во траење од 5 -10 секунди.
2. Оставете средството да делува 3 до 4 минути, а потоа одвојте го спојот со соодветен алат.
3. Во зависност од интензитетот на корозијата и запекувањето, по потреба, повторете ја постапката и/или продолжете го времето на делување 5 до 10 минути.
За чистење /одмастување
1. Испрскајте директно на третираната површина и оставете кратко да делува.
2. Пребришете со сува крпа.
За подмачкување и заштита од корозија
1. Прскајте директно на третираната површина/механизмот, кај што е возможно на растојание од 20 до 30 сm, за постигнување на еднаков, рамномерен, постојан филм.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боцата да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Да се чува подалеку од оксидациони и самозапаливи материјали, одвоено од храна и пијалоци.