producttemplate.offerisvalid
producttemplate.offerisvalidfrom producttemplate.offerisvalidto
Моноградни минерални масла кои се употребуваат како течност под притисок во современите хидраулични уреди. Содржат материи за зголемена отпорност на маслото на стареење, заштита од корозија и отпорност - стабилност на висок притисок Претежно се употребуваат во хидраулични уреди во кои се појавуваат високи термички напрегнувања и кои работат во услови на чести и големи промени на температурата во текот на работниот процес. Се произведуваат од базни масла збогатени со најовремени комплекси на адитиви. Се карактеризираат со висок индекс на вискозност, голема отпорност на протекување, ниска точка на течење, брза деемулгација. Ја подобруваат заштитата на хидрауличните уреди од триење, абење, рѓа и корозија. Многу се постојани при промена на температурните услови на работа. Не се препорачуваат за турбини и за подмачкување на хидропумпи кои имаат склопови кои се посребренети (за нив се користат само масла без цинк).
Примена:
хидраулични системи на градежни и земјоделски машини
хидраулични системи за товарање, палубни дигалки, управувачки механизми, пумпи за преточување на течен товар и уреди за автоматска регулација;
хидраулични преси, хидраулика на алатни машини за производство на пластика со вбризгување;