Својства и начин на делување:
Чисти и растопува наслаги од оксиди на релејни контакти, прекинувачи, приклучоци, интегрални кола и сите други електронски компоненти. Ефикасно отстранува оксидни и сулфидни слоеви, смола, масло и нечистотија. Елиминира недозволено големи преодни отпори. Не е штетен за повеќето конструкциски материјали и има широк опсег на примена. Едноставен за употреба. Не содржи силикони и AOX.
Упатство за употреба:
1. Применувајте го исклучиво на исклучени и ладни уреди.
2. Пред употреба добро протресете ја боцата.
3. Испрскајте ја површината која се третира на оддалеченост од 5 cm и оставете да делува и продира 10 до 15 минути.
Најдобри резултати на чистење ќе постигнете ако истопената нечистотија и коризивните остатоци ги исплакнете со Контакт SW, арт. бр. 089365. Напомена: Контакт OL самиот ќе ја истопи нечистотијата и корозијата, без дополнителен третман, но во тој случај ризикот од повторна појава на корозија за кратко време е поголем. Поради тоа препорачуваме да ги заштитите третираните површини со употреба на Контакт OS, арт. бр. 089361.
4. Почекајте растворувачот целосно да испари пред повторно вклучување на уредите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се прска на исталации кои се под напон. Во случај на осетливи пластики кои пукаат под напон (на пр. поликарбонат и полистирен), претходно да се тестира компатибилноста на спрејот. Боцaта е под притисок, да се чува подалеку од директно сончево зрачење и да не се изложува на температура поголема од +50°C. Да се чува на температура од +15°C до +25°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).