Својства и начин на делување:
Полусинтетичко масло со жолта боја и со оптимално прилагодени својства за сигурно повеќенаменско подмачкување на делови изложени на високи притисоци. Создава активен слој кој силно прилепува на површините, кој не се кине под дејство на високи оптоварувања и не се губи кај ротирачки и вртливи делови. Со сигурност ги раздвојува двете контактни површини на телата и на тој начин пружа оптимална заштита од абење при високи притисоци. Средството има и одлични капиларни својства кои овозможуваат продирање и подмачкување во тесни процепи. Компатабилно е со материјалите за изработка на прстенести и Х заптивки, како и со вештачки материјали. Не нагризува лакирани површини. Содржи антикорозивна супстанца која овозможува постојаност на прскања со солена вода, слаби киселини и базни соединенија. Не содржи силикон, смола и киселина. Постојано при температура од -35°C до +180°C (краткотрајно до +200°C).
Упатство за употреба:
1. За оптимални и долготрајни резултати од подмачкувањето, површините кои се третираат, претходно исчистете ги од прашина, нечистотии, остатоци од масла и масти. Препорачуваме употреба на HHS Clean, арт. бр. 089310610 или Würth средства за монтажно чистење.
2. Пред употреба протресе ја боцата.
3. Испрскајте го саканото место на оддалеченост од 15 cm.
4. Можно е накнадно подмачкување на деловите во текот на работата, но согласно соодветните пропишани сигурносни мерки.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боците се под притисок. Да се заштитат од директна сончева светлина и да не се изложуваат на температура повисока од +50°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).