Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.
Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед.
Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.