Својства и начин на делување:
Двокомпонентна епоксидна маса за гмечење во облик на стапче, за многу брза и едноставна поправка на оштетувања (дупки и пукнатини) на метално делови и површини изработени од конструкциски и нерѓосувачки челик, лиено железо, алуминиум, бакар, месинг, титаниум, олово и позинкуван лим. Стапчето се состои од две компоненти (јадро и одвивка) кои едноставно со гмечење се сооединуваат, со што отпочнува процесот на стврднување. Не содржи метално полнењеи нема магнетни својства. Одлично прилепува на сите површни. По стврднување, може да се лакира и да се обработува со бушење, режење, брусење, стругање и глодање.
Боја: сребрена
Димензии: 175 x 22 mm
Отворено време за работа: 2-3 min (на 20°C)
Понатамошна обработка: отприлика по 20 min (на 20°C)
Време до конечна цврстина: околу 3 часа (на 20°C)
Температурна отпорност: од -20°C до 120°C
Цврстина на стегање: 6,4 N/mm²
Shore D цврстина: 87
Примена:
Поправка и изработка на метални делови
Упатство за употреба:
Работна температура: +5°C до +25°C
1. Површината која се третира да се исчисти, одмасти и исуши. Препорачуваме употреба на Würth средствата за монтажно чистење
2. За подобро прилепување, исшмирглајте ја површната.
3. Отсечете со нож или откинете со рака потребна количина од стапчето за планираната поправка. Месете ја смесата со рака до потполно мешање на двете компоненти - изедначена боја на смесата.
4. Нанесете ја подготвената смеса на саканото место во рок од 2-3 min (20°C). За подобро моделирање навлажнете ги рацете со вода. Во процесот на нанесување, смесата не се лепи за раце, доколку рацете се влажни.
5. По стврднување, најмалку 20 минути (20°C), може да ја обработувате.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во необработена состојба да се заштити од замрзнување и директна сончева светлина. При обработка, носете соодветни заштитни ракавици. Поради оптоварувања и самото место на примена на делот кој се поправа, советуваме претходно тестирање.