Ефикасна активна пена со зголемена моќ на чистење, за средни и тешки нечистотии.
- Брзо и темелно отстранува масло, маснотии и други нечистотии.
- Не содржи силикон.
- Биолошки разградлива до 95% (испитување од ОЕЦД).
- Лесно се одвојува од вода во сепаратори
- Волумен од 30 литри
Места на примена:
Средството се користи за миење на големи површини на каросерии, шасии, кабини, церади, надградби и
мотори на комерцијални возила, автобуси и патнички возила.
Начин на употреба:
Во зависност од степенот на нечистотии, активната пена треба да се нанесе на површината во разредена форма.
Препорачано разредување: 2–4% во зависност од степенот и видот на нечистотија.
На вертикални површини (странични делови, церади, кабини..) пената треба да се нанесува од дното кон врвот,
рамномерно со помош на уред за пена. Оставете ја да делува најмногу 5 минути.
По делување на пената, измијте ги површините со помош на уред за миење под висок притисок (ладна
вода), на растојание од 15–20 cm.
Млазот на плакнење треба да биде од дното кон врвот (во спротивно постои опасност од создавање на слој од каменец на површината).
Внимание!
Нанесената пена не смее да се исуши! Не нанесувајте пена на топли површини или на директна сончева светлина.