Црна електроинсталациска трака за изолирање која е изработена од ПВЦ, означува и дава сигурна изолација на електро инсталации. Отпорноста на електро пробивност на оваа трака е до 25kv/mm, тешко е запалива и обезбедува безбедно и лесно ракување. Отпорна е на кинење, стареење, има голема флексибилност и моќ на лепење. Оваа трака подржува работен напон од 600V и се применува за изолирање, означување на електрични инсталации, зацврстување на кабелски снопови итн.