Содржат материјали за зголемување на отпорноста на маслото кон стареење, заштита од корозија и отпорност/стабилност при високи притисоци (EP). Претежно се користат во хидраулични уреди кај кои се јавуваат големи термички напрегања и кои работат во услови на чести и големи промени на температурата во уредот и работната околина. Се произведуваат од базни масла збогатени со најсовремени комплекси на адитиви.
Ги карактеризира висок индекс на вискозност, висока отпорност на смолкнување, ниска точка на течење и брза демулгација. Обезбедена е подобрена заштита на хидрауличните уреди од триење, абење, ’рѓа и корозија.
Многу се стабилни при промена на температурните услови на работа.
Не се препорачуваат за турбини и за подмачкување на хидропумпи кои имаат посребрени склопови (за такви се користат исклучиво масла без цинк).
Примена:
• хидраулични системи на градежни и земјоделски машини;
• хидраулични системи на дигалки за утовар на товар, палубни дигалки, управувачки механизми, пумпи за преточување течни товари и уреди за автоматска регулација;
• хидраулични преси, хидраулика на машински алати и машини за производство на пластични маси со вбризгување;
• хидраулични системи и уреди кај кои се препорачуваат масла од класа HM.
Период на замена: во согласност со препораките на производителот на машината или возилото.