Download Mobile App

You can use our mobile app from given link. Click on Download App
Nëse jeni kompani krijo një llogari ose që të keni qasje në çmimet me shumicë
(0) Shporta
Ju nuk keni artikuj në shportën tuaj.

shoppingcart.mini.emptycarttext

    Close
    Filters
    Preferencat
    Kërko

    Средство за осигурување завртки висока цвртина

    Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.

    Available in 2 versions
    Show Executions

    Својства и начин на делување:

    Во одсуство на воздух и под каталитичко дејство на металот, зацврстува во тврда термопластична маса. Осигурува и заптива спречувајќи самоодвртување при вибрации. Го штити навојниот спој од корозија. Посебно е погоден за примена на нерѓосувачки челик и пасивни метали и тоа без употреба на активатор и акцелератор и генерално на навојни споеви кои изискуваат честа монтажа и демонтажа поради одржување. Зацврстува и на површини кои не се потполно чисти и обезмастени. Има одлична отпорност на хемикалии и топлина. Одобрено е со DIN EN 751-1(DVGW). Одобрено и сертифицирано согласно NSF/ANSI стандардот 61.

    Боја: Сина

    Време на зацврстување: после 5 до 15 min

    Функционална цврстина: после 0,5 до 1 h

    Почетен момент на одвртување: > 21Nm

    Момент на понатамошно одвртување: 10 Nm

    Притисна/влечна цврстина: 8-12 N/mm2

    Температурен опсег на примена: -55°C до +150°C

    Примена:

    Монтажа - Анаеробни лепила и осигурувачи 

    Упатство за употреба:

    Монтажа

    1. За оптимални резултати, пред нанесување на средството, одмастете ги, исчистете ги и исушете ги навоите. За одмастување препорачуваме употреба на Würth средства за монтажно чистење (видете Чистење и одмастување делови и површини). Во случај на помали остатоци од масла и масти, одмастувањето не е потребно. Ако деловите биле во контакт со воден раствор или остатоци од течности кои оставаат заштитен слој на површината, исперете со топла вода.

    2. а. Кај проодни отвори (завртка со навртка), нанесете неколку капки на надворешните навои на завртката, во делот кој ќе биде крајна позиција на затегање на навртката.

    2. b. Кај слепи отвори (завртка со глава и др.), нанесете неколку капки на надворешните навои на завртката и неколку капки на внатрешните навои на отворот.

    2. c. Кај слепи отвори (завртки без глава), нанесете неколку капки од средството со голема цврстина на надворешните навои на завртката, на делот кој оди во отворот и неколку капки на внатрешните навои на отворот.

    3. Спојте ја и затегне ја завртката на бараниот момент на затегање.

    Работна температура: од +5 до +35°C. Остатоците од истиснатото средство не зацврстува и можат да се исчистат со сува крпа или со крпа натопена со ацетон.

    Демонтажа

    1. Навојниот спој осигуран со средство со средна цврстина одвојте го со вообичаен рачен алат.

    2. Навојниот спој осигуран со средство со голема цврстина одвојте го со специјален алат или локално загрејте го на околу 250°C и одвојте го со соодветен алат додека е жешко.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се употребува кај пластика, а особено не на пластомери каде може да дојде до пукање на пластиката при оптоварување. Ако се користат водени системи за перење на површините пред примена на средството, задолжително да се провери компатибилноста на растворот за перење со средството. Таквиот начин на перење може да делува на зацврснувањето и на перформансите на средството. Да не се употребува во системи со чист кислород или богати со кислород. Да не се користи како заптивна маса заедно со хлор или други оксидациони материи.

    product.details.associated.products.loading.text

    *
    *
    *