Својства и начин на делување:
Одлично прилепува со минимална претходна подготовка на површината. Многу добро прилепува на различни подлоги: метали (челик, нерѓочкувачки челик, поцинкуван челик, алуминиум), пластични маси (АВЅ, стакло-пластика, тврд РVС) и керамика. Еластичен, со ниска граница на развлекување.
• Голема отпорност на динамички оптоварувања.
• Можност за користење на лесни материјали со иста или поголема носивост.
Висока почетна цврстина на спојот. Нема компликувани стврднувања на деловите на конструкцијата. Може да се префарба пред и по создавање на кора (задолжително да се тестира компатабилноста со бојата со претходна проверка). Отпорен е на UV зрачење. Соодветен за видливи споеви. Има голема отпорност на атмосферски влијанија и стареење.
• Идеален за надворешна употреба.
• Трајно споени делови.
Спречува појава на корозија. Нема мирис. Нема штетни органски компоненти и растворувачи. Не содржи изоцијанати, РVС и силикон. Безбеден производ.
Време на формирање кора: 40 min.
Истегнување/собиrање на стврднатата маса: 10% од ширината на фугата.
Температурна постојаност: од –40°C до +90°C (краткотрајно до +120°C [16 h], + 140°C [4 h])
Отпорна на слатка и морска вода, тврда вода, отпадна вода и слаби киселини и базni соединенија.
Краткотрајна постојаност на погонски горива, минерални масла, растителни и животински масти и маслаNSF (P1)pегистрација (бр. 136996)
Се применува за структурни споеви изложени на динамички оптоварувања, заптивање на процепи при изработка на автомобилски каросерии, шински возила, контејнери за транспорт на стока, во металната и процесната индустрија, при изведување на греење, клими и вентилациски канали итн.
Примена:
Лепење и заптивање
Индустрија за храна и пијалаци
Упатство за употреба:
Површинните на кои се нанесува масата мора да бидат чисти, суви и одмастени (претходно видете подготовка на површини). Нестврднатиот К+D може да се острани со Чистач К+D арт. бр. 089010063. Потполно стврднатиот К+D може да се острани само по механички пат.
Напомена: Да не се доведува во допир со бои и лакови на база на алкални смоли. Не е погоден за лепење на РЕ, РР, силиконски гуми, стиропор и пластифицирани материјали