· CD профилот, поставен во UD профилот, заедно создава подконструкција за спуштени тавани на кои се шрафат гипс-картон табли. Се работи за челичен профил поцинкован од двете страни, со C-облик на пресекот, изработен согласно европските норми EN 18182 и EN 14195.
Се користи како носечки и обложувачки профил при изградба на спуштени тавани и во системи за обложување ѕидови.
Изработен е од двојно поцинкован челичен лим DX51D + ≈Z140 g/m².