Својства и начин на делување:
Посебно погодно за употреба кај видливи споеви и преклопи кои се лепат и заптиваат. Може да се употребува на различни подлоги без прајмер. Моќно еластично лепило. Ги компензира дилатациите и вибрациите на деловите на кои е нанесен. Го апсорбира динамичкото оптоварување. Не предизвикува корозија. Содржи адитиви кои спречуваат појава на мувла. Не содржи изоцијанати и силикон.
Време на формирање кора: 10 min. (на 23ºC и 50% рвв.)
Истегнување до кинење: 250 %
Температурна постојаност: од -40ºC до +90ºC
Примена:
Лепење и заптивање
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При долготрајно изложување на UV зрачење, лепилото може да пожолти и да стане круто, особено ако се користи во надворешни услови.
Не е погодно за споеви кои се изложени на постојани екстремни дилатации на материјалот, атмосферски влијанија, зрачење и обилни врнежи, особено во високоградба.
Не е погодно за лепење на: PE, PMMA, PP, PTFE, силиконски гуми и пластифицирани материјали. Може да се користи на обоени површини само ако бојата е потполно сува. Не е погодено за употреба на површини од вештачки смоли.