Работни водоодбивни патики изработени од специјален PUTEK материјал кој значително го пропушта воздухот и е отпорен на абење. Поставени се со AIR Active 3D материјал кој исклучително пропушта пареа односно дозволува кожата да дише. Двослојниот (PU/PU) антистатички ѓон е изработен од полиуретан со различна густина - внатрешниот слој е флексибилен и удобен за носење и во подолг временски период, додека надворешниот слој е од поцврст полиуретан кој е отпорен на абење, отпорен е на масло и нафта, има шок апсорбер на енергија во делот на петата и одлични својства против лизгање. Влошката е анатомска и може да се отстранува и да се менува. Ултра лесни. Големина 38-47 EN ISO 20345
Работните чевли Jogger Sport со O1 степен на заштита се направени од комбинација на превртена кожа и текстил. Внатрешната постава е од удобен и мек текстил. Заменливата антистатичка влошка е анатомски дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е изработен од TPU - термопластичен еластомер што му дава температурна отпорност на температури од - 40C до +100C. Нелизгачки се, отпорни на абразија и дејства на масло. Не содржат метални делови, во целост се METAL FREE. Поседуваат шок-апсорбер, како и рефлектирачки детали за поголема воочливост.
Безбедносна чевла SUMMER S1P има изглед и дизајн на спортска чевла, но станува збор за чевла која дава заштита. Направена е од комбинација TPU i најлон со специјални појачувања на прстите и петата. Има композитна капа и кевларски меѓуѓон. Имаанатомска влошка. Ѓонот е направен од двослоен PU, антистатик, не проклизува и има шок абсорбер во пределот на петата. Тежина 620g по парче за број 42 EN ISO 20345.