Својства и начин на делување:
Црниот цврст подмачкувачки слој го смалува триењето, спречува прегревање и зарибување, штити од абење и осигурува работни својства во критични ситуации. Постојана на притисок до границата на развлекување на сите познати метали. Постојана на вода, морска вода , киселини и базни соединенија. 60% цврста материја постојана на бензин, дизел гориво и сл. Стабилна на температури од -35°C до +450°C, а при смален доток на воздух (на пр. полжавести споеви) и до +650°C. Погодно за употреба како монтажен подмачкувач за нови машини, водилки, навојни вретена, зажлебени вретена, тешко оптоварени запченици, полжавести и рачни менувачи, запчести парови, полуги итн. Можна е употреба во мотори со внатрешно согорување без понатамошни штетни последици по моторното масло.
Упатство за употреба:
1. Темелно исчистете ги површините кои ги подмачкувате. Препорачуваме употреба на Würth средства за монтажно чистење (видете Чистење и одмастување делови и површини).
2. Пред употреба добро протресе ја боцата.
3. На оддалеченост од 20-30 cm, испрскајте рамномерно тенок слој од пастата на третираното место.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боцата да не се изложува на температура повисока од +50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).