Траен и суштински алат за голем број примени. Изработен од високоотпорен челик (хром-ванадиум) за поголема отпорност, исполнувајќи ги повеќето барања на ригорозните задачи за одржување и склопување во автомобилскиот сектор, индустријата и градежништвото. Целосно држење со 12 точки на контакт и најголем пренос на вртежниот момент. Цврсти и економични решенија.
Хром-ванадиум челик
Вообичаениот поголем вртежен момент кој е потребен за затегање/олабавување на завртките и навртките со големи дијаметри налага примена на многу отпорен челик. Легурата од хром-ванадиум (мешавина од два или повеќе метали) ја зголемува отпорноста на `рѓосување и обезбедува дополнителна цврстина и јачина при тешки зафати.
Нелизгачка рачка
Осовината е обложена со дебел слој од матиран хром со текстура што овозможува погодно и цврсто држење. Воедно обезбедува дополнителна отпорност на масла, масти, нечистотии и други агресивни супстанци кои вообичаено се користат во работилниците и на градилиштата, како што се цемент и растворувачи од боја кои би можеле да ја оштетат површината и да предизвикаат корозија.
Длабока глава под агол
Овозможува поголем дофат во ограничен простор.
Материјал на рачката
Хром-ванадиум челик.
Површина
Хромирана/никлувана.