Својства и начин на делување:
Пена за сечење и ладење при сите видови обработка на материјали. Посебно е погодна за употреба во процесот на дупчење, сечење на навои, вртење, развртување, стругање и друго. Може да се употреби кај скоро сите видови материјали: обоени и необоени метали, сите легури на челик, сите типови лиени метали, лиен челик, свитливо лиено железо, бакар и легури на бакар, месинг, сите никлувани и хромирани легури, алуминиум и легури на алуминиум. Има одличен ефект на ладење, а од друга страна е и многу леплива.
Напомена: Без сулфур, минерални масла, тешки метали и смола. Не содржи испарливи хлороводородни соединенија и без супстанци кои оневозможуваат накнадно нанесување на бои и премачкувачи.
Упатство за употреба:
1. Пред употреба боцата да се протресе.
2. Прскајте 10-20 секунди на растојание од 10-20 cm за да ја нанесете пената и да го истретирате местото на примена.
3. Потрошувачката на средство е мала бидејќи средството се користи во многу мали количини.
4. Пред употреба не е потребно одмастување со чистачи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Боцата е под притисок, да се чува подалеку од директно сончево зрачење и да не се изложува на температура поголема од +50°C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).