Ултра финото перниче за полирање помага да се отстранат кружните гребаници или холограмите на лакираните површини, дури и на автомобили со темна боја. Користете го со ултрафината паста за полирање 3M™ Perfect-It™ SE (Арт. бр. X 3M 50383).
• За постигнување висок сјај на завршните слоеви на темниот лак.
• Наличјето со набори (облик на вафла) обезбедува задоволителна контактна површина и добро ја држи политурата.
• Перничето рамномерно ја нанесува политурата без да се испушта вишок што може да предизвика набирање (мрешкање) по површината во завршницата.
Сината пенеста (сунѓереста) лента е идеална за маскирање на отворите на вратите, отворите на хаубата или на багажникот што треба да се залепат и запечатат за време на лакирањето на автомобилот. Нејзиниот цевчест дизајн им овозможува на лакирачите лесно да ги маскираат широките и тесните отвори во еден чекор.
• Се избегнува појава на несакани линии од лак во отворите и другите делови на возилото.
• Лентата ја елиминира потребата од дополнителна обработка на несаканите линии од лакот и користи off-set лепило што го држи самото лепило подалеку од работ на бојата.
• Може да се користи за подвижни или за неподвижни делови од каросеријата.
Перниче за отстранување гребаници од песок, кружни гребаници, грумци од прав заробени во лакот и за полирање со побавна брзина за висока ефикасност и подобри крајни резултати на обработката.
• Еднострано перниче со лесна замена.
• Спречува прскање, дава побрзи и почисти резултати благодарение на сунѓерестиот состав што ја задржува политурата.
Сунѓересто перниче за пофино и помеко полирање и за поефикасен начин на постигнување исклучително висок сјај при поправките. Помага брзо и ефикасно да се постигне совршена завршна обработка без холограми - отстранувајќи лесни гребаници, кружни гребаници и дефекти на лакот. За најдобри резултати, користете го со пастата за полирање 3M™ Perfect-It™ Extra Fine Plus (Арт. бр. X 3M 80349).
• Одлична вредност за парите благодарение на издржливиот, долготраен сунѓер со набори (облик на вафла).
• Mаксимален учинок на полирање без појава на холограми.
• За професионална употреба во лимарската работилница.
Течно абразивно средство дизајнирано за брзо отстранување оксидирани делови, површински гребаници, гребаници настанати при миење на автомобилот, отстранување прекумерно разлеан лак. Се употребува со отациска или со орбитална машина за полирање опремена со соодветно зелено перниче од асортиманот на производи 3M™ кодирани во различни бои.
• Извонредни перформанси на обработка.
• За полирање на иста површина потребно е 20 - 25% помалку паста за разлика од стандардната паста.
• За постигнување висок сјај кај нова или кај стара боја на автомобилот.
Фина смеса за завршна обработка дизајнирана специјално за модерни системи на безбојни лакови отпорни на гребење. Можете да ја користите и како производ за еднократно полирање на стандардни 2K системи на лак, каде што е потребна мала реставрација.
• За отстранување гребаници од фино брусење, но и погруби гребаници.
• За отстранување на дефектот наречен „кора од портокал“.
• Основен производ во рамките на процесите на полирање на 3M™ означени со бои.