Заштитните чевли Cyclone со S1P степен на заштита се изработени од антилоп кожа во комбинација со најлон и 3M рефлектирачки ленти. Поседуваат челична капа која ги штити прстите од механички повреди и челичен меѓуѓон кој штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава е од удобен и мек текстил. Заменливата антистатичка влошка анатомски е дизајнирана така што пружа максимална удобност. Ѓонот е нелизгачки, полиуретански, еднослоен и отпорен на дејства на масло. Во делот на петата има апсорбер на енергија.