Your cart is empty
За брзо и едноставно обновување на изгледот на метални површини.
Својства и начин на делување:
Брза и лесна употреба. Ги остранува лесните нечистотии како прашина, траги од чистење, и мрсни отисоци од прсти. Соодветно за секојдневна нега. Масло кое негува и заштитува. Дава рамномерна сјајна површина. Заштитниот слој ја одбива водата и спречува повторно онечистување. Испитано за употреба во близина на прехрамбени намирници. Се употребува во погони за преработка на храна, кујни, кантини, кланици и др. Има мала потрошувачка, мал трошок ако се користи за секојдневно чистење. Не содржи АОХ и силикон.
Места на примена:
Одржување на прохром
Упатство за употреба:
Грубите нечистотии да се остранат со помош на средство за чистење на нерѓочувачки челик арт.бр. 08931212. Да се испрска од маслото на сува површина, да се исполира со мека крпа и убаво да се избрише.
ВНИМАНИЕ: Испитано за употреба во близина на прехрамбени производи. Да се избегнува директен контакт со храната. Да не се прска на топли површини и да не се користи на силна сончева топлина.