Your cart is empty
Заштитните чевли Zoro со S1P степен на заштита се изработени од превртена кожа во комбинација со најлон. Поседуваат композитна капа која ги штити прстите од механички повреди, а меѓуѓонот од кевлар штити од пробивање на надворешни тела. Внатрешната постава е од удобен и мек 3D текстил кој овозможува кожата да дише. Заменливата антистатичка влошка е анатомски дизајнирана така што пружа максимална удобност. Двослојниот полиуретански ѓон е отпорен на дејства на масло и абразија и поседува шок апсорбер во делот на петата. Чевлите не содржат метални делови и во целост се без метал (METAL FREE).