Својства и начин на делување:
Термопластична заптивна маса на база на растворувач и епоксидни смоли за заптивање на груби прирабници, која силно прилепува. Може да пополни процепи до макс. 2 mm. Погодна за примена на различни материјали како метал, стакло и керамика. Стврднатиот заптивен слој останува еластичен и отпорен на вибрации, дури и при високи температури до +280°C. Постојана е на притисок до 700 бари, па погодна е за примена кај компресори и водови под висок притисок. Стврднува под дејство на температура. Може да се примени за премачкување на крути компресиони заптивки. Има одлична отппорност на моторни и хидраулични масла и масла за менувачи, погонски горива, течности за кочници, разладни течности, вода, алкохоли, гасови итн. Комплетниот список за постојаност на хемикалии е достапен на барање.
Боја: Црвена
Време на формирање кора: 5 - 7 min
Фуннкционална цврстина: после 20 min на 70°C
Конечнна цврстина: после 24 h на 70°C
Притисна/влечна цврстина (DIN 54452): 1 до 3 N/mm2
Температурен опсег на примена: -50°C до +280°C
Примена:
Монтажа - Заптивање
Упатство за употреба:
Работна температура: од +5°C до +35°C
1. Пред употреба на средството, површините кои се заптиваат за прв пат не мора да бидат потполно чисти и одмастени или ако се работи за повторно заптивање со истото средство, не е потребно да се отстранува претходниот слој, туку доволно е да нанесете нов слој преку стариот. Во секој случај, зa да постигнете подобри резултати на прилепување и заптивање, пожелно е површините претходно да ги исчистите и одмастите.
2. Нанесете ја заптивната маса само на една од површините.
3. Ако деловите кои се спојуваат се веќе загреани (+70°C до +100°C) спојувањето може да го направите веднаш по нанесување на масата. Ако работите на собна температура, тогаш почекајте растворувачот целосно да испари (5 до 10 минути), а потоа споjте ги деловите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При испарување на растворувачот во процесот на зацврстување, заптивната масата губи од својот волумен, па поради тоа потребно е да нанесете подебел слој за да ја добиете саканата дебелина на заптивниот филм. Да не се употребува како замена за крути компресиони заптивки помеѓу главата и блокот на моторот. Подолго делување може да предизвика нагризување на пластики: АBS, SAN, PVС, поликарбонат, полистирен и лакирани површини.