КАКО ДА НАПРАВИТЕ СВОЈ ШАХОВСКИ СЕТ
Шаховски фигури од навртки, завртки и подлошки
Идејата за фигури за шах од сврзувачки елементи дојде сосема случајно. Секојдневно во нашата работа ги користиме, па и нудиме решенија со овие сврзувачки елементи, па тогаш зошто да не направиме и нешто креативно кое ќе го користиме долго. Толку многу различни завртки и навртки со различни големини и облици и комбинации и... ете ги шаховските фигури.
Секако во шахот се сетови фигури во две различни бои, најчесто бела и црна. Овде едниот комплет е од поцинкувани или нерѓосувачки завртки, додека вториот го обоивме со бакар во спреј. Наместо боење со бакар во спреј, можете да употребите завртки и навртки од бакар или месинг. Еве ги едноставните чекори за да изградите ваш сопствен шаховски сет што ќе трае долго.
Чекор 1:Изберете го вашиот дијаметар.За овој проект користевме навртки, завртки и подлошки од M8 mm;удобна големина во вашата рака и убаво се вклопува на шаховска табла од макс. 45 - 50 cm.
Чекор 2:Соберете ги навртките, завртките и подлошките заедно. Ние отидовме на „шопинг“ во нашиот магацин, а вие можете да купувате од нашата онлајн продавница и ние ќе ја завршиме целата напорна работа за вас.
Чекор 3:Зашрафете ги парчињата следејќи ги нашите упатства
Пион / пешак |
|