Својства и начин на делување:
Полусинтетичко средство за ладење и подмачкување кое се меша со вода, за примена кај лесно до средно тешко сечење/стругање челик, лиено железо, алуминиумски легури, обоени метали. Универзално употреблив кај сите машини за глодање, брусење и CNC обработни центри. Исто така, употребливо и при релативно ниска тврдост на водата. Погодно за внатрешно ладење и кај пумпи под висок притисок. Ги исполнува барањата на ТRGS 611. Не содржи бор, амини, хлор и формалдехид. Овозможува високи перформанси при сечење, благодарение на одличните особини на ладење и намалување на триењето (редуцирање на температурата во текот на обработка). Ги штити алатот, машините и работните предмети од корозија, дури и при ниска концентрација. Високата стабилност на емулзијата и отпорноста на микроорганизми овозможува долг век на траење и минимално одржување. Поради содржината на високо квалитетни емулгатори во масло, веднаш по додавањето на маслото во вода, се создава стабилна емулзија што е видливо во процесот на припрема (без остатоци на микро капки од масло).
Упатство за употреба:
Подготовка на нова емулзија:
1. За да ја остраните старата емулзија и постоечките габи од системот, со соодветно средство, исперете го резервоарот и системот за транспорт на емулзијата, како и сите површини на машината по која емулзијата се нанесува. Препорачуваме употреба на ВМF чистач арт. бр. 0893118.
2. Додајте вода во резервоарот.
Напомена: СЕКОГАШ додавајте потребна количина на масло во водата според видот на обработка.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: При замена на средството за ладење и подмачкување, машината за обработка задолжително да се исчисти. Емулзионото масло да се меша со чиста вода од чешма. Да се додаде средството (концентратот) во водата, а не обратно. Осетливо на мрзнење, да се чува на температура повисока од +5⁰C. Обратете внимание на ознаките за опасност. Носете соодветна заштитна опрема (ракавици, маска и очила).