Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

shoppingcart.mini.emptycarttext

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    Заштита од корозија

    Популарни артикли од категоријата Заштита од корозија

    Види како Табела Листа
    Подреди по

    Inox спреј, 400ml

    0893112

    Заштита на заварени споеви на хромирани површини со ефект на изедначена боја на материјалот.

    Спреј за заштита на метални површини Basic

    0893114949
    Светлиот цинк спреј BASIC пружа долготрајна заштита на завари и челични површини. Ова средство се користи и за заштита на метални површини од корозија, оптичко подобрување на површините, брзо се суши и после сушењето слојот е отпорен на дожд, масло и маснотии.

    Спреј за заштита од корозија, 300ml

    089315
    Спрејот за заштита од корозија е специјална безбојна течност со голема капиларност со добро прилепување. Ги штити тешко достапните места, го запира ширењето на корозијата и има повеќекратна примена поради многу добрата подносливост со материјалите на најразлични подлоги. Овој спреј, со извонредна отпорност на солена вода според DIN5002N стандардот, претставува најдобра заштита во најлоши услови. Гребнатините, ударите од камен и слично самостојно се затвораат, а третираните површини повеќе не може да се оштетат од течност. Примената на овој спреј е за конзервирање на алат, машини, моторни возила, погоден е за тешко достапни места во моторниот дел и претставува најдобра заштита за моторцикли и велосипеди кои имаат долг период на мирување.

    Спреј за заштита на метални површини Perfect, 400ml

    Светлиот цинк спреј PERFECT се користи за заштита на метални површини давајќи им оптимален изглед. Со нанесување на првиот слој од овој спреј, се создава висока отпорност на атмосферски влијанија, што воедно е минималното време кое е потребно за заштита на површините. Благодарение на прилагодливата дизна, овој спреј има широка можност за употреба од големи површини до минимални поправки. Исклучително се прилепува на површините и отпорен е на гребење. Со вртење на капачето на спрејот, може да се подеси ширината на прскање на спрејот (од најтесно до најшироко). Светлиот цинк спреј PERFECT пружа активна, оптимална и катодна заштита од корозија според DIN 50021 SS стандардот.

    Цинк спреј светол, 400 ml

    0893114
    Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.

    Nitro Разредувач

    Нитро разредувач претставува синтетички растворувач наменет за одмастување на метални површини, отстранување на восок и смола од дрво , разредување на боја и чистење на алат. Компатибилен е со широк спектар на нитро облоги и може да се нанесува со четка, крпа или распрскувач. Нитро разредувачот се наоѓа во пакување од 1l.

    Пиштол за фарбање, најлон лонче 600ml

    Гравитациски фарбарски пиштол со низок притисок со најлонски резервар со волумен од 600ml. Се користи за нанесување на премаз на дрво, метал и пластика. Овој пиштол поддржува премази со основни, акрилни и двокомпонентни бои како и еднокомпонентни емајл лакови. Поседува лесно и компактно алуминиумско куќиште со прохромска игра и дизна и прецизен регулатор за притисок на воздух.

    GRUNDFARBE, 30kg

    GRUNDFARBE претставува основна, антикорозивна боја која брзо се суши. Ова средство се користи за заштита на конструкции од јаглероден челик каде што е потребно брзо сушење. Средството се нанесува на суви, одмастени и чисти површини. Се суши со оксидација на воздух и има сива боја.

    Конвертор на корозија, 1 l

    0893110
    Конверторот на корозија директно продира во `рѓата и тоа низ површини кои пред тоа се исчистени од груби наслаги од `рѓа. Ова средство го претвора железо оксид во стабилен органски слој на темни и мазни површини. Дополнително изолира и не е штетен за околината. Може да се мачка, распрскува или нанесува со валјак, а после три часа од нанесувањето може да се премачка со вообичаени бои или да се прелакира. Конверторот на `рѓа има кремаста боја.

    Цинк 300 паста, 500ml

    0892200
    Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед. Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.

    Боја во спреј,400ml

    Акрилна боја во спреј , одлично прилега и ги прекрива површините на кои се нанесува. Наменета е за надворешна и внатрешна употреба, едноставно и брзо се нанесува со минимална загуба на материјал. Бојата брзо се суши оставајќи мазен и долготраен завршен слој. Оваа боја се применува за изработка на завршниот слој на дрво, челик, железо, алуминиумски легури , галванизиран челик, стакло, керамика ,ABS пластика, а истотака се користи и за декорација, поправки на изгледот и заштита на оштетените површини.Овој спреј има црна мат (ral9015) боја .

    Спреј конвертор на корозија

    0893110400

    Антикорозивен спреј со својства за растворување и отстранување на корозијата.

    Делува моќно и лесно го неутрализира формирањето на корозијата.

    Идеален за тешко кородирани области

    Заштитува и во пукнатини и пори поради големата длабочина на пенетрација

    - Висококвалитетен епоксиден прајмер кој обезбедува сигурен заштитен слој
    - Може да се бои и да се обработува
    - Без силикон и киселина

    Заштита од корозија