Својства и начин на делување:
Неопренски контактно лепило за меѓусебно лепење на најразлични материјали како тврд PVC, РММА, полиестер, полиамид, поликарбонат, тврди фенолни смоли и полиуретани, гума, ткаенини, кожа, стакло, метал, дрво и др. Добро се размачкува и лесно се нанесува со четка или лопатка на површините кои се лепат. Отпорно е на стареење и овозможува долготрајно лепење. Има добра еластичност, го компензира движењето на материјалот. Отпорно е на разблажени киселини и бази, вода и алкохол. Не содржи толуен.
Боја: Светло кафена
Вискозитет: 4000 dPa
Време на испарување на растворувачот: 15 min. (на 20°C)
Конечна цврстина: после 24 часа
Температурна постојаност: од -20°C до +125°C
Примена:
Лепење
Упатство за употреба:
1. Површините кои ги лепите мора да бидат суви и исчистени од прашина и маснотии.
2. Температура при лепење не смее да биде под +12°C
3. Нанесете го лепилото рамномерно, со четка или фина назабена лопатка, на двете површини.
4. Причекајте 10 до 15 минути за да испари растворувачот, па цврсто притиснете ги површините за да ги споите.
5. Цврстина на ракување се постигнува по 45 минути.
Напомена: Времето на сушење зависи од работните услови.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не е соодветно за лепење стиропор, мек РVC, PVC фолија, РЕ и РР. Сигурносни предупредувања: Запалив е, почесто изложување на лепакот може да доведе до пукање и сушење на кожата. Да се избегнува вдишување на пареите, може да предизвика поспаност. Да се обрати внимание на знаците за опасност. Да се користат соодветни заштитни ракавици и маска.