Светлиот цинк спреј обезбедува долготрајна заштита, репарација на металните површини и дава многу добра антикорозивна заштита, како и оптичко подобрување, репарација и заштита на металните површини од корозија. Многу добро се прилепува директно на метал и има добри особини при точкасто заварување. Металот е активно заштитен дури и кај помали оштетувања. Светлиот цинк спреј задоволува повеќе од 100 часови прскање со солена вода според (DIN50021 SS) стандардот.
Леплив подмачкувач во спреј претставува повеќенаменско, полусинтетичко масло за подмачкување отпорно на висок притисок.Поседува добра капиларност и подмачкува тешко достапни места кои истотака ги штити од корозија.Благодарејќи на добрата прилагодливост не доаѓа до исфрлање на маслото од ротирачките површини.Не оштетува пластични маси и е неутрален на лакирани подлоги.Ова средство е одпорно на солена вода,слаби киселини и бази. Има жолта боја и не содржи силикон, смоли и киселини.
Синтетичкото средство за подмачкување во спреј HSS 5000 претставува синтетичко масло со PTFE кое е екстремно постојано на температура. Погодно е за тешко достапни места и достигнува таму каде што маслото мора да делува. Сигурно и долго штити од корозија, нема оксидација, нема остатоци од коксирање, не ја оштетува пластиката и заптивките и се однесува неутрално кон лакираните подлоги. Ова средство е постојано на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Транспарентно е и не содржи силикон, смола и киселини.
HSS FLUID претставува течна маст во спреј со DUO-EFEKT со која се овозможува разлевање како масло и прилепување и постојаност како маст. Продира во процепи, штити од корозија и достига таму каде што претходната маст не можела. Оваа маст пружа долготрајно подмачкување на местото кое се подмачкува без отпаѓање. Има добра компатибилност со различни материјали, амортизира звук и вибрации. Отпорна е на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Има жолтеникава боја и не содржи силикон, смола и киселини.
HSS GREASE е повеќенаменска, висококвалитетна бела маст за долготрајно подмачкување со додаток на PTFE. Оваа маст извонредно заптива и штити од корозија, продирање на влага и нечистотии со што пружа исклучителна отпорност кон оксидација и продолжен интервал на подмачкување. Оваа маст е компатибилна со различни материјали, неутрална е кон лакирани површини, отпорана е на вода која прска и солена вода, слаби киселини и бази. Има брилијантна бела боја и не содржи силикон, смола и киселина.
HSS LUBE е полутечна маст во спреј отпорна на високи температури со OMC2 технологија. Ова средство е отпорно на центрифугални сили и обезбедува исклучителна заштита од атмосферски влијанија и прашини. Благодарение на EP адитивот, исклучително е постојана на притисок и пружа неверојатна амортизација на вибрација и звук. Ја намалува температурата на триење и може да се користи во температурен опсег од -150 степени до +150 степени.