Својства и начин на делување:
За заптивање споеви од различни материјали (стакло, дрво,бетон, цигла, блок, керамика, челик, РVС, алуминиум и сл). Одлично прилепува. Има одлични механички карактеристики. Трајно еластичен. Отпорен е на сите временски услови и UV зрачење. Мало собирање при стврднување.
Примена:
Лепење и заптивање
Упатство за употреба:
1. Почитувајте ги општите препораки во однос на дебелината и ширината на фугата (длабочина до половина ширина). Доколку длабочината е поголема од препорачаното, задолжително пополнете го спојот со РЕ материјал со затворена структура како подлога за силикон.
2. Површината на која го нанесувате силиконот мора да биде сува, чиста и одмастена.
3. На порозни површини може да го нанесувате само со претходна употреба на Прајмер за силикон арт. бр. 0892170.
4. На површината која ја заптивате, силиконот нанесувајте го рамномерно.
5. За фино естетско обликување, користете средство за фино израмнување на заптивни маси и алат за мазнење.