Неутралниот силикон со транспарентна боја се користи за заптивање на дилатациони споеви, поголем број градежни материјали, како и стакло, дрво, бетон, тули, керамика, челик, ПВЦ, алуминиум... Достапен е во кертриџи од 310 ml.
Средството за отстранување силикон се користи за професионално чистење и одмастување на сите нечистотии, како и остатокот од силикон пред лепење и лакирање. Поседува многу добри особини за чистење пластика, има голема моќност за чистење и долг рок на траење. Ова средство за чистење интензивно продира во структурата на надворешните површини и создава подобра подлога кај подоцнежното лакирање.
Силикон ацетат basic служи за заптивање на неоптоварените споеви на непорозните материјали како стакло, керамика, глазирани плочи и сл. Овој силикон има мн добра прицврстувачка моќ, има одлични механички карактеристики, еластичен е и отпорен е на сите временски услови и UV зраци. Има црна боја и не е препорачлив за заптивање на поцинкувани површини.