Својства и начин на делување:
Оптималната капиларна активност осигурува ефикасно продирање на средството во корозијата и нејзино растварање, а со тоа и олабавување на кородираните споеви. Го намалува триењето и го штити третиранат спој од дејсво на вода. Пружа краткотрајна заштита од корозија благодарение на содржината на адитиви. Не содржи смола, киселина и силикон.Не нагризува гума и заптивки, pH 7,8. Средството е активно во температурен опсег од -10°C до +140°C.
Упатство за употреба:
Работна температура: од +5°C до +40°C
1. Најпрвин, доколку е возможно, отстранете ја присутната нечистотија и корозија по механички пат.
2. Пред употреба добро протресе ја боцата.
3. Испрскајте го местото кое се третира на оддалеченост од 15 -20 cm во траење од 5 -10 секунди.
4. Оставете средството да делува 3 до 4 минути, а потоа одвојте го спојот со соодветен алат.
5. Во зависност од интензитетот на корозијата и запекувањето, по потреба, повторете ја постапката и/или продолжете го времето на делување 5 до 10 минути.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Точка на палење на активна супстанца е +200°C. Боцата да не се изложува на температура повисока од 50°C. Да се чува на температура од +8°C до +21°C. Да се чува подалеку од оксидациони и самозапаливи материјали, одвоено од храна и пијалоци.