Универзални ракавици за заштита од прашина. Цврсти бесшевни ракавици изработени од комбинација на памук и полиестер. Премачкани со природен латекс. Пропуштаат воздух и многу се удобни за носење.
Плетени бесшевни ракавици од петслојна мешавина од памук и полиестер, преслечени со набран латекс на дланката. Меки и удобни ракавици кои се карактеризираат со сигурен фат.
Заштитни ракавици изработени од жерсеј, дланката и прстите се двојно потопени во мазен нитрил. Нитрилот е отпорен на масла, горива и органски растворувачи. Сигурносна манжетна за заштита на зглобот на раката и лесно навлекување/соблекување на ракавиците.
Заштитни ракавици изработени од жерсеј целосно потопени во нитрил со сина боја. Сигурносна манжетна за заштита на зглобот на раката. Лесно се навлекуваат/соблекуваат.
Ракавици за заштита од хемикалии, произведени од нитрил со памучна постава која обезбедува дополнителна удобност. 100% непропустливи, безбедни за употреба во прехрамбената индустрија. Ромбоидна структура долж целата ракавица. Не содржат силикон. Должина на ракавиците од 33 cm, дебелина од 0,38 mm ± 0,03 mm. Се продаваат во пакување од 12 пара.
Двојно потопени бесшевни ракавици. Основата е изработена од памук (jersey), а навлаката од набран латекс кој ги покрива дланките и прстите. Отворената наддланка овозможува кожата да дише.