Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите категории
    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    Полиуретани и МС полимери

    Popular products from category Полиуретани и МС полимери

    Load
    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Слика на Лепак + Заптивна маса

    Лепак + Заптивна маса

    Еластичен полиуретански лепак и заптивна маса со универзална намена. Погоден е за примена на метал, обоени површини, дрво, камен, бетон,полиестер и тврд ПВЦ.
    Слика на K+D Fast

    K+D Fast

    Брзиот лепак и заптивна маст FAST претставува моќен лепак и трајно-еластична заптивна маса на база на полиуретан. Средството одлично се прилепува на суви, премачкани и обоени површини на кои се нанесува. Поседува висока почетна цврстина однадвор, која овозможува обработка многу брзо по нанесувањето. Го затвора јазот меѓу површините и трајно ги заптива. K + D FAST не е корозивно средство, погоден е за лепење и заптивање во близина на погон за производство на храна бидејќи не го загрозува здравјето во зацврстена состојба, што е потврдено и со ISEGA сертификат. Исто така овој лепак поврзува и широк спектар на материјали и површини како што се метали, бои, дрво, камен, бетон, пластика. Трајно и моќно лепи и заптива споеви и шевови во внатрешност и на отворено. Оваа маса не е препорачлива за лепење на PE, PP, PTFE, силиконски гуми и пластифицирана пластика.
    Слика на K+D лепак и заптивна маса

    K+D лепак и заптивна маса

    За универзална примена со извонредна моќ на лепење на различни материјали и површини, еластичен со голема растегливост. Може да се користи за спојување на исти или на различни материјали. Го компензира истегнувањето кај различни материјали и пригушува вибрации и бучава. Долгото време на формирање на коричка овозможува лепење, односно заптивање на компликувани и многу големи делови. Составените делови можат да се репозиционираат. Може да се бруси и лакира. По формирање на коричка можна е механичка обработка и лакирање без претходна припрема на површината (претходно да се провери компатибилноста на лакот). Дозволено е користење во близина на храна (ISEGA сертификат), не го загрозува здравјето во стврдната состојба. Погоден е за лепење и заптивање во погони за производство и подготовка на храна. Не е корозивен, има слаб мирис и е без силикони.
    Слика на MS FIX RAPID

    MS FIX RAPID

    1893226101
    MS FIX RAPID е многи јако еднокомпонентно лепило на база на sylil- полимер со голема брзина на сушење и носивост од 35кг/см2. Ова лепило добро се лепи на хоризонтални и вертикални површини каде што е потребна силна врска. Се применува на материјали од камен, бетон, цврста пластика, дрво, бакар, цинк, алуминиум, нерѓосувачки челик, огледала и стакла. Отпорно е на удари, вода, растворена база, неутрално е и без мирис. Може да се фарба.
    Слика на Безбоен лепак и заптивна маса

    Безбоен лепак и заптивна маса

    08932250
    Универзален лепак и заптивна маса на база на модификуван полимер. Целосно транспаретен, наменет за лепење на внатрешни елементи од стакло, изработка на рекламни паноа, за лепење на вентилациони отвори, монтажа на електро-канали, како и за други места каде што е потребен цврст, еластичен и целосно транспарентен спој.
    Слика на K+D Power

    K+D Power

    Хибриден полиуретан наменет за структурни лепења на елементи кои може да бидат изложени и на динамички оптоварувања. Може да се лепат споеви и шевови на каросерија од возила, делови од надградба на камиони, споеви на контејнери, железнички вагони, како и делови наменети за климатизација и вентилација. Поседува NSF сертификат за употреба во области поврзани со прехрамбената индустрија. УВ стабилен.
    Слика на Прајмер за метал за K+D

    Прајмер за метал за K+D

    089010061
    K + D прајмерот за метал служи за претходна обработка на метални површини како што се железо, челик, прохром, поцинкуван челик со оган, алуминиум, бакар, месинг, цинк. Не е погоден како заштита од корозија. Се суши за најмалку 30 минути.
    Слика на Прајмер за пластика/дрво/камен

    Прајмер за пластика/дрво/камен

    089010062
    Овој прајмер служи за претходна обработка на површини од пластика (PVC, ABS, GFK), дрво и порозни подлоги (камен, бетон). Се суши за 30 минути, а не е погоден за PE, PP, PTFE, PMMA, PC.
    Слика на Чистач на K+D лепак

    Чистач на K+D лепак

    089010063
    K + D отстранувачот се користи за отстранување на нестврднати хибридни лепила и заптивачи на алати, како и на валкани непорозни површини.
    Слика на Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач

    Рачен пиштол за картуши со ПВЦ држач

    089100
    Исклучително моќен метален пиштол со урамнотежена рачка. Ергономски прилагодената рачка поместена кон средината на пиштолот спречува навалување на пиштолот и го намалува заморот за време на работата.
    Слика на Двоен пиштол за картуши

    Двоен пиштол за картуши

    089160123

    За истиснување на 2-компонентни лепила AI-1 2C-PUR

    Материјал: пластика - полиамид
    Боја: Црна
    Тежина на производот: 1378.500 g
    Должина: 235 mm
    Ширина: 190 мм

    Слика на Рачен пиштол за картуши

    Рачен пиштол за картуши

    0891001
    Лесен, метален пиштол со едноставен дизајн наменет за туби од 310ml.
    Слика на Пиштол за силикон 600ml/310ml Алу-појачан

    Пиштол за силикон 600ml/310ml Алу-појачан

    1891134315
    Алуминиумски пиштол со зајакната конструкција со метални навојни чепови, наменет за истиснување на маса спакувана во фолија од 600ml/400ml, како и за туби од 310ml.
    Слика на Пиштол за картуши метален

    Пиштол за картуши метален

    1891854
    Метален пиштол со алуминиумска рачка за картуши, наменет за метални и пластични еднокомпонентни картуши од 310мл. Овој пиштол е многу лесен и со исклучително силна потисна моќ.

    Полиуретани и МС полимери

    Close
    Filter by Clear All