Бензиска моторна пила Oregon со 2-тактен мотор и тежина од 7,9кг што ја прави идеална за занаетчии. Овозможува инстант старт со повлекување на активаторот, минимално одржување и многу ниско ниво на бучавост. Претставува една од ретките пили на пазарот која доаѓа со вграден систем за острење под името PowerSharp.
Бензиската моторна пила, 52cc со 2-тактен мотор и воздушно ладење спаѓа меѓу најдобрите на пазарот. Има Easy Start систем за стартување на моторот и автоматски кочници кои ја зголемуваат безбедноста во работата. Тежи 7,9кг и може да се користи како во надворешни така и во занаетчиски услови.
Моторна пила со приклучна моќност од 2000W со оптимално ракување и ергономска положба на рачката. Се одликува со голем капацитет на сечење како и едноставна употреба. Идеална е за сите работи во домаќинството и занаечиството бидејќи е тешка само 5.7кг. Овозможува многу лесна замена и монтирање на ланецот. Зафаќа минимален простор при складирање.
Електрична пила за гранки која ќе го олесни сечењето на дрва без употреба на скали. Идеална е за примена во овоштарството и хортикултурата бидејќи овозможува сечење со висина од 4,5м.