Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед. Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.
Микро апсорбер (Micro Absorber) е производ кој се карактеризира со високоефикасни гранули со брзо дејство, за впивање на масла, агресивни и какви било други течности вклучително киселини, бази и водни раствори. Поседува висок степен на апсорпција и брзо реагира. Капиларните својства на гранулите обезбедуваат ефикасно впивање и чување на собраното масло. Микро апсорберот може да се употребува во отворен и во затворен простор. Со својата едноставна примена, гранулите остануваат цврсти и после апсорбцијата што овозможува лесно чистење со четка. Благодарение на својата оптимална тежина, остануваат на местото каде што се нанесени. Произведува малку прашина. Нема опасност од лизгање на возилата или обувките.
Конверторот на корозија директно продира во `рѓата и тоа низ површини кои пред тоа се исчистени од груби наслаги од `рѓа. Ова средство го претвора железо оксид во стабилен органски слој на темни и мазни површини. Дополнително изолира и не е штетен за околината. Може да се мачка, распрскува или нанесува со валјак, а после три часа од нанесувањето може да се премачка со вообичаени бои или да се прелакира. Конверторот на `рѓа има кремаста боја.
Средството за чистење на тврд ПВЦ без растворувачи чисти лесни површински нечистотии како што се прашина, масни траги, остатоци од лепак од заштитни фолии. Отстранува електростатичко полнење со помош на антистатика афинол.