LMS FLUID е физиолошко безбедно средство за подмачкување на база на парафинско масло. Овој вискозно безбојно средство за подмачкување го намалува отпорот и триењето, долготрајно штити од корозија, продирање на вода и прашина. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова безопасно средство не го загрозува здравјето и може да се примени на тешко достапни места. Средството е без вкус и мирис и не содржи AOX и силикон.
MULTI PLUS е синтетичко, физиолошки безбедно повеќенаменско средство за широка примена кое продира и ја разложува корозијата и заштитува од корозија од вода и прашина. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова безбедно средство е погодно за употреба во физиолошки и еколошки чувствителни средини. Може да се употребува на светли подлоги, при што не остава траги. Не содржи смоли, киселини, силикон, бело и минерално масло, како ни штетни материи како што се Xi, Xn, F, F+, N.
MULTICLEAN е средство за чистење и привремено подмачкување во физиолошки и еколошки чувствителни зони. Може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Ова средство пружа работа без опасност со одлично својство за чистење, одмастување и отстранување на масло, смоласти наслаги и остатоци од силикон. Поседува добра компатибилност со различни материјали и не содржи штетни материјали како што се F+, F, N, Xi, ацетон, силикон и AOX.
Синтетичката висококвалитетна бела маст за подмачкување штити од појава на нечистотии, вода, прашини и корозија. Спречува појава на ладно заварување и има добри својства на заптивање. Отпорна е на голем притисок благодарение на EP адитивот кој го поседува. Не содржи силикон, смоли и киселини.
Повеќенаменската маст за подмачкување може да се користи во простории каде што се произведуваат или складираат прехрамбени производи. Оваа синтетичка висококвалитетна бела маст е отпорна на голем притисок благодарение на EP адитивот, спречува појава на ладно заварување и штити од корозија, прашина, продирање на вода или нечистотии. Маста не содржи смоли, киселини и силикон.