Моторно масло со намален отпор, од врвна класа. Обезбедува соодветен проток на масло на ниски температури. Во зависност од прописите на производителите на возила, можен е интервал на замена на маслото во распон од 30.000 до 50.000 км.Оптимално за бензиски и дизел мотори, вклучително и возила со филтер за честички за дизел, во склад со нормата за издувни гасови ЕУРО 4. Ги вклучува нормите на „Volkswagen“, со исклучок на R5 и V10 TDI – мотори пред 6/2006.
Модерно масло за сите сезони со намален отпор. Ја намалува потрошувачката на масло и гориво и обезбедува брз проток на масло во моторот. Во зависност од прописите на производителите на возила, можен е интервал на замена на маслото и до 30.000 км. Оптимално за бензиски и дизел мотори со повеќевентилска технологија и турбо полнач. Посебно погодно за ЕУРО 4 возила, со филтер за саѓи и за примена кај патнички возила на плин - течен гас (CNG/LPG).
Својства: Моторно масло со ниско ниво на триење, произведено со модерна технологија и примена на адитиви и синтетички компоненти. Маслото може да се користи во текот на целата година во бензин и дизел моторите кај патничките возила, комерцијалните возила, со или без турбо полнач и додатно воздушно ладење.
Моторно масло за сите сезони, за бензиски и дизел мотори, со и без турбо полнач. Добри карактеристики на заштитаод трошење и спречување на создавање на црн талог. Мала потрошу- вачка на масло, отпорност на стареење и стабилна вискозност во различни режими на работа.
Својства: Минерално мултиградно моторно масло за комерцијални и патнички возила со дизел и бензин мотори со природен усис и турбо полнење кое го прават во умерени и тешки услови на работа.