Природна боја. Цврсти заштитни ракавици целосно изработени од говедска кожа. Просечна дебелина над 0.9mm. Заштитени/скриени шeвови. Посебно дизајниран отвор за палецот кој е двојно опшиен. Еластичен отвор за раката.
Исклучително меки заштитни ракавици, лесни за носење, изработени од свинска кожа. Наддланката е изработена од еластичен памук кој овозможува кожата да дише. Имаат еластична манжетна која може да се прилагоди со леплива лента. Добро се прилепуваат на рацете.
Цврсти заштитни ракавици изработени од висококвалитетна полна говедска кожа и платно. Исклучително меки. Дланката, показалецот, палецот и врвовите на прстите се изработени од полна кожа. Добра флексибилност и фат. Наддланката и манжетната се изработени од цврста памучна ткаенина. Гумирана сигурносна манжетна од памук. Двојно штепувана.
Цврсти заштитни ракавици изработени од говедски шпалт и платно. Предниот дел на ракавиците е изработен од цврста памучна ткаенина. Дланката, показалецот, палецот и врвовите на прстите се изработени од шпалт. Двојно штепувани. Добра отпорност на абење.
Цврсти заштитни ракавици изработени од превртена говедска кожа. Делот на дланката, палецот и показалецот е дополнително зајакнат со говедска кожа. Наддланката е изработена од памучна ткаенина која овозможува кожата да дише. Гумирана сигурносна манжетна од памук. На дланките од ракавиците е поставен памук.
Цврсти заштитни ракавици изработени од превртена говедска кожа. Наддланката е изработена од памучна ткаенина која овозможува кожата да дише, а палецот и показалецот се целосно кожни. Гумирана сигурносна манжетна од памук. Ракавиците имаат поставен памук на дланките.