Преземете ја апликацијата

Можете да ја користите нашата мобилна апликација од дадената врска. Кликнете на Преземи апликација
Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.

Your cart is empty

    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    БРИШАЧИ НА ШОФЕРШАЈБНА Е ВАЖНА БЕЗБЕДНОСНА КОМПОНЕНТА

    Бришачите се клучна компонента на автомобилот која еволуирала со дизајнот на автомобилот.

    Тие се од суштинско значење за отстранување на дожд, снег, мраз, прашина, полен или други остатоци од шофершајбната за да имате јасен поглед кога возите. Бидејќи честопати сообраќајните несреќи се предизвикани од лошата видливост, ова ги прави бришачите на шофершајбната, заедно со светлата и внатрешната вентилација, од витално значење за безбедноста при возењето.

    Иако се многу важен дел од автомобилот, на бришачите на шофершајбната им се посветува малку внимание, а луѓето обично ја препознаваат нивната важност при невреме или обилни врнежи.

    Како и секоја друга опрема, четкичките на бришачите може да се скинат, пукаат и повеќе да немаат ефикасност за правилно чистење на шофершајбната.

    Затоа, погрижете се да ги замените бришачите на шофершајбната на време.

    Оттука, бришачите мора да бидат дел од редовниот сервис на автомобилот, во спротивно искинати бришачи може да ги загрозат животите на луѓето и да доведат до опасни последици.

    КОИ СЕ ЗНАЦИТЕ ЗА ДОТРАЕНОСТ НА БРИШАЧИТЕ? 

    • Истрошени гумички на бришачите, нерамномерно бришење.

    • Стврднати гумички на бришачите, тресење и бучава (чкрипење) при бришење.

    • Искинати гумички

    КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ИЗБЕРЕ СООДВЕТЕН БРИШАЧ?

    Изборот на бришачот може да биде предизвик на прв поглед, но најпрво можеме да се запрашаме каков прифат за бришачите има на нашето возило, а потоа изборот е полесен.

    Дополнително, ако истиот прифат прима различни типови на бришачи, тогаш е прашање повеќеза преференциите и дизајн.

    Може според избор на дизајниздржливост до замена или според тип на автомобил ние да го избереме најкорисниот.

    Сè на сè, изборот е секогаш во рамките на квалитетни и сигурни производи бидејќи секогаш го бараме задоволството на нашите клиенти.

    Корисен линк за избор на бришачи и димензии според марка на автомобил:

    https://www.wurth.co.uk/en/wurth_gb/services/application/wiper_blade_finder/wiperblades.php

    Задоволство ни е да ви ја претставиме комплетната линија на бришачи вклучувајќи различни линии на конвенционални, flatblade, како и задни бришачи за автомобили и линија за комерцијални возила за соочување со повеќето пазарни сегменти каде што е потребен стабилен и доверлив квалитет.

    https://eshop.wurth.com.mk/avto-3

    Бришачите бараат добар дизајн, висококвалитетни материјали во метална или пластична структура, гумата за бришење со соодветна облога, како и одличен адаптерски систем компатибилен со типовите на краци за да обезбеди безбедно и удобно искуство во возењето на корисникот.

    Wurth бришачите се изработени од високо издржлив материјал и специјална гума за обложување кои се отпорни на абење, топлина и временски услови за да се обезбеди долготрајна употреба. Дизајнирани за перформанси во сите временски услови. Користење на напредна технологија за следење на контурите на заобленоста на шофершајбната за да се обезбеди секогаш бришење без бучава, мазно, чисто и без тресење.

    Аеродинамичниот дизајн го намалува отпорот, бришат стабилно дури и при најлошото време. Силните челични пружини обезбедуваат соодветна, униформа сила да се примени низ целата четка на бришачот. Перформансите остануваат конзистентни цело време. Нашите бришачи доаѓаат со различни видови адаптери што одговараат на широк опсег на возила. Овозможува брзо и лесно инсталирање во еден чекор, а на пакувањето има едноставни упатства за инсталација.

    КОНВЕНЦИОНАЛНА - СТАНДАРД СЕРИЈА

    Со конвенционален опсег на бришачи Würth обезбедува комплетно решение за различни пазарни сегменти во ОЕМ квалитет според спецификациите и очекувањата на корисниците.

    Оваа линија е поддржана и подобрена со постојаните повратни информации од нашите клиенти во повеќе од 40 земји, каде постојат многу различни климатски услови.

    Од официјално застапништво до независна работилница, работилници за поправка на шофершајбни, бензискистаници и сл., се трудиме да обезбедиме комплетно решение со адекватни перформанси за секој пазар.

    FLAT BLADE СЕРИЈА

    Рамните четкички на бришачите – Flatblade, се резултат на еволуција на традиционалниот конвенционален бришач. За разлика од конвенционалните бришачи, flatblade сечилата се потпираат на конструкција од јаглероден челик со единствен лачен дизајн кој овозможува рамномерна распределба на притисокот на стаклото. Благодарение на ова, flatblade бришачот може да ја прилагоди својата форма на кривината на модерните автомобилски ветробрански стакла и да одговори на поинаков начин на барањата на возилата со напредна аеродинамика при поголеми брзини, со што сечилото на бришачот поефикасно и со еднаква дистрибуција на сила и притисок налегнува на стаклото додека бришете, правејќи помазно чистење и минимално абење.

    Ако се фокусираме на неговата гума, нејзиниот засилен квалитет со графитна обвивка останува клучна карактеристика за давање енергија и зајакнување на перформансите на бришење во рамнотежа со неговото тивко движење. Овие робусни рамки и гума со извонреден отпор на корозија, топлина и УВ зрачење се најотпорни и неуморен систем за отстранување на водата, прашината и снегот. Резултатот е возачко искуство со видливост во најдобра форма.

    Забележете:

    Проверете дали шофершајбната нема масло, восок, катран и други нечистотии, за да не влијае негативно на работниот век.

     

    Совет:

    Секогаш ставајте заштитен материјал на шофершајбната при монтирање.

     

    Инсталација:

    Од аеродинамички причини (функција на спојлер), при монтажата мора да се осигура дека дупченото лого на листот на бришачот е свртено кон хаубата на моторот.

    Оставете коментар