FZO3600E е практичен батериски тример со опција на сечилото за средување на рабовите на тревниците, како и сечило наменето за од уредување на жива ограда до кратење на украсните растенија што паѓаат, така што секое домаќинство има потреба од него. Користи батерија од 3.6V и има капацитет од 1.300mAh. Должината на сечилото е 100мм, ширината е 70мм, а растојанието помеѓу забците е 8мм. Замената на сечилото е брза и лесна. Времето за полнење на батеријата е помеѓу 3 и 5 часа.
Електричниот тример за жива ограда FZO550E е наменет за сите љубители на убаво средени градини и дворови. Со помош на овој алат може да направите најразлични фигури и форми од својата жива ограда. Моќноста на овој тример е 550W, а максималната дебелина која ја сече е 14мм. Должината на ножот е 45см, додека должината на острилото на запчаникот е 22мм.
Електричниот тример F250E со моќност од 250W е идеален за сите косења во вашата градина до кои нема пристап косилката. Произведен е од лесна пластика која му овозможува на корисникот лесно да маневрира.
Електричен тример F500E со моќност од 500W кој гарантира дека овој тример ќе ги исполни сите ваши очекувања кога станува збор за уредување на дворот или градината.
Бензиски моторен тример со моќност од 1,6kW со дводелна карданска цевка со пречник од 26мм. Овој тример се испорачува со ремен за носење, стандардна глава со конец и 3T нож.