Напомена за правни лица : направете налог или за да ги видите големопродажните цени
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите категории
    Close
    Филтер
    Преференци
    Пребарување

    DOS анаеробни лепила

    Popular products from category DOS анаеробни лепила

    Load
    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Слика на Средство за осигур. завртки средна цвртина

    Средство за осигур. завртки средна цвртина

    0893243025
    Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.
    Слика на Средство за осигур. завртки висока цвртина

    Средство за осигур. завртки висока цвртина

    Средство за осигурување на завртки со висока цврстина претставува осигурувач и навојна маса која тешко се разделува. Се користи за осигурување, зацврстување и заптивање на завртки, навртки, навојни вметоци, навојни чепови кои не треба да се разделуваат. Погоден е за навојни споеви кои се изложени на големо оптоварување, го спречуваат разделувањето предизвикано од вибрации или ударно оптоварување. Има одлична хемиска и топлотна стабилност и може да се раздвои само со помош на специјален ударен алат или на температура повисока од 300 степени.Ова универзално средство има големо подрачје на примена.
    Слика на Средство за осигурување лежишта на покачена температура

    Средство за осигурување лежишта на покачена температура

    Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.
    Слика на Средство за заптивање на површински спојки, 50g

    Средство за заптивање на површински спојки, 50g

    Црвената површинска заптивна маса се користи за хоризонтални и вертикални површини на различни материјали. Многу е вискозна и пополнува процепи до 0.5mm. Оваа заптивна маса надоместува процепи настанати кај метали до температура од 120 степени, а исто така може да се применува кај заптивање на алуминиумски прирабнички споеви. Масата брзо се зацврснува што доведува до пократко време на застој во работата, а дава и можност за проверка на заптивањето со изложување на мал пробен притисок без чекање да се зацврсти масата.
    Слика на Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

    Средство за заптивање на цевки со PTFE, 50g

    0893511050
    Заптивно средство за цевки со мала цврстина со PTFE, служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.
    Слика на Hidraulikdiht, 50g

    Hidraulikdiht, 50g

    0893545050
    HIDRAULIKDIHT е заптивна маса за хидраулични инстралации. Оваа анаеробна маса се користи кај пневматски и хидраулични навојни споеви под големо оптоварување. Исто така може да се користи и на благо намастени површини, а обезбедува и одлична отпорност на сите хидраулични течности и горива и дава висока сигурност на споевите што се заптиваат.
    Слика на Motordiht, 100g

    Motordiht, 100g

    0893260100
    Motordiht е заптивно средство кое ги заменува сите крути заптивки на споевите, со исклучок на спојот на главата на моторот. Ова средство успешно заптива до температури од 280 степени и отпорно е на притисок од 700 бари поради што може да се користи за заптивање на цевен водовод, како и садови под притисок. Motordiht има добра моќ на прилепување бидејќи се лепи за средството кое се заптива. Сигурно и долготрајно заптива површини од стакло, керамика и метал, а отпорно е на моторни, менувачки и хидроулични масла, дизел гориво, масло за ложење, разладни течности, бази, киселини, алкохоли, како и многу други материи и гасови.
    Слика на Средство за заптивање на цевки, 50 gr.

    Средство за заптивање на цевки, 50 gr.

    Заптивното средство за цевки со средна цврстина служи за заптивање на сите метални цевни споеви и арматури со конусен или цилиндричен навој. Затегнатите споеви може да се оптоварат до 5 бари, додека оптоварувањето после завршното стврднување е до пукање на цевката. Ова средство неутрално се однесува во споредба со поголемиот број индустриски течности и гасови, отпорно е на хемикалии. Овозможува сигурна и брза монтажа, има бела боја и не е погодно за навои кои содржат бакар.
    Слика на Klebfix flex, брз лепак, 20g

    Klebfix flex, брз лепак, 20g

    0893092
    ELASTOFIX претставува флексибилно вискозен, црн цијано-акрилат со одлична термичка отпорност. Се користи за лепење на метални, пластични и гумени делови меѓусебно или едни со други. Отпорен е на влага, удари и смолкнување.
    Слика на Plastofix, 20g

    Plastofix, 20g

    0893091
    PLASTOFIX супер лепакот се користи за лепење на тешко-лепливи вештачки материјали како што се : PA, PBT, PET, PI, POM, TPE, TPO, полнети со еластомери и за полнење на гуми.
    Слика на Супер лепак, 20g

    Супер лепак, 20g

    0893099020
    Супер лепакот се користи за прецизно нанесување со една рака кај брзи поправки. Овој лепак се врзува за само неколку секунди.
    Слика на Специјален брз лепак за гумени профили

    Специјален брз лепак за гумени профили

    189309631
    Безбојно цијаноакрилатно брзо лепило кое се користи за лепење на гумени профили во производство на ПВЦ и АЛУ столарија. Ова лепило сигурно и долготрајно лепи делови од гуми, метал и пластика едни со други и меѓусебно. Благодарејќи на апликаторот, лепакот може прецизно да се нанесе и на тешко достапни места. Погоден е за брзи поправки, а залепените делови може веднаш да се употребуваат. Ова цијаноакрилно лепило не пополнува празнини.
    Слика на Супер брз лепак, 20 g

    Супер брз лепак, 20 g

    189309999
    Супер брзо лепило на база на етил цијаноакрилат кое претставува лепило за лепење на материјали од пластика, гума, метал како и порозни материјали како што се плути, хартии, кожа... Ова средство лепи моментално и дава чист и скоро невидлив слој. Отпорно е на температури од -40 до +85 степени.
    Слика на Специјален лепак метал - стакло 1gr.+0,5 ml

    Специјален лепак метал - стакло 1gr.+0,5 ml

    089340
    Специјалниот супер брз течен лепак за метал-стакло се користи за лепење стакло за стакло или метал за стакло. Овој лепак е отпорен на хемикалии, вода и удари, обезбедува долготрраен еластичен спој. Површините на кои се нанесува мора да бидат рамни, суви и чисти. Овој лепак нема можност за пополнување процепи и не се користи за употреба на FORD возила.
    Слика на Прајмер за plasrofix, 50ml

    Прајмер за plasrofix, 50ml

    08930915
    Прајмерот за PLASTOFIX супер лепакот претставува посредник за прилепување за подготовка на PE, PP, PTFE силиконски гуми. Овој прајмер има кратко време на делување.
    Слика на Klebfix супер лепак

    Klebfix супер лепак

    089309
    KLEBFIX супер лепак со патентиран специјален систем на затварање, кој лепи за краток временски период. Се користи за лепење на метални, пластични и гумени делови меѓусебно или едни со други.
    Слика на Заптивна смеса Multi, 50ml

    Заптивна смеса Multi, 50ml

    0893556050

    Карактеристики:

    • Универзално анаеробно лепило и средство за заптивање со средна јачина
    • MULTI може да се користи како осигурувач со средна јачина за завртки, лежишта, како заптивна смеса за површини, цевкини навои, кои треба да се вадат со нормални алатки.
    • Високо отпорен на голем број бази, гасови, растворувачи, масла и горива

    Слика на Средство за осиг. лагери, висока цврстина, 25 gr.

    Средство за осиг. лагери, висока цврстина, 25 gr.

    Средство за осигурување лежишта со висока цврстина

    • за извондредно јаки зацврстувања на ракавци, чаури, запченици, клинови, склопови на вратила, слоеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања.
    • Спречува корозија и запекување на лагерите.
    • Демонтажа на лагерите е можна со помош на специјални алати - радапцигери 

    DOS анаеробни лепила