Пастата цинк 300 пружа долготрајна заштита од корозија и атмосферски влијанија. Оваа паста е отпорна на температури до 300 степени, на обработените површини им дава топол поцинкуван изглед. Пастата се користи во металоградба, бродоградба, ковачници, браварии, автоиндустрија, за заштита на челични конструкции. Со нанесување на оваа паста во 2-3 слоја се добива заштитен слој со дебелина според DIN50976 стандардот. После 15 минути од нанесувањето, пастата е сува на допир, а целосно се суши после 2-3 дена.
Средството за отстранување на масти и протеини е моќно средство за чистење со високи перформанси за чистење. Се користи во прехрамбената индустрија. Брзо чисти и ефикасно ги отстранува наслагите од масти, протеини, масла, закоравени маснотии, како и сите нечистотии кои се јавуваат на сите водоотпорни површини во прехрамбената индустрија, со себе не оставаат траги од чистењето. Ова средство може да се користи за рачно и машинско перење под висок притисок, за ѕидни, подни, работни површини, машини за подготовка на храна, опрема, канали за одведување на пареа. Средството нема мирис, има pH вредност 13.
Средството за чистење на специјални подни површини ефикасно отстранува нечистотија, наменето е за чистење на многу замастени подови. Се користи за подови обложени со природен и вештачки камен, керамички плочки, гранит, ПВЦ, линолеум. Длабински ги чисти и ги отстранува траговите од обувки од подот. Неговата висока ефикасност во мали концентрации ги намалува времето и трошоците. Може да се користи за машинско чистење или чистење со помош на џогер. Неговата Ph вредност на концентратот е 11.
Ова мултифункционално средство за чистење, за рачно и машинско перење на подни површини брзо чисти, спречува директен контакт на нечистотии и подни површини и не остава траги од чистењето. Ова високо-концентрирано средство за чистење на подни површини може да се користи за сите водоотпорни подни површини, специјално е наменето за подни површини како што се ПВЦ, линолеум, гумени подови, мат природен и вештачки камен. Ова средство за чистење на подови содржи полимер растворлив во вода кој овозможува безбедно одење по исчистените површини, а има и нелизгачки ефект. Спречува директен контакт меѓу нечистотиите и работните површини, што подоцна овозможува лесно и брзо чистење. Благодарение на својата висока ефикасност, овозможува долготрајна употреба и ги намалува трошоците. Има пријатен мирис и pH фактор 7.