Својства и начин на делување:
Ефикасно ги чисти водоотпорните површини во прехрамбената индустрија на кои има нечистотии од масти, протеини, масла и друго. Може да се користи за чистење на подни и работни површини. Се употребува за:
• Подни, ѕидни и работни површини
• Машини за припрема на храна
• Опрема (скара, фритеза, садови за готвење, и сл.)
• Канали за одвод на пареиБрзо чисти и не остава траги по чистењето. Остранува слоеви од масла, протеини и запечени маснотии. Средството е концентрирано. За генерално чистење се употребува поконцентриран раствор, а за вообичаено чистење послаб раствор. Големата ефикасност на мала концентрација овозможува долготрајна употреба и намалена потрошувачка. Може да се користи за рачно, машинско чистење и чистење под висок притисок.
- Без мирис.
- рН вредност на концентратот: 13
- Едноставно дозирање со помош на дозирно капаче.
Примена:
Чистење и одржување
Упатство за употреба:
- • За чистење под висок притисок: 2 капачиња (60 ml) во 10 l вода.
- • За рачно чистење: 1,5 капаче (45 ml) во 5 l вода.
- • За нанесување со спреј-боца 1,5 капаче (45 ml) во 0,5 l вода.
- • За машинско чистење (со WAP машини под висок притисок): во размер 1:10.
Во случај на многу нечисти површини користете појака концентрација од препорачаната.
Начин на нанесување: Средството може да се користи за рачно чистење, со мop чистачи и под висок притисок. Да не се користи за чистење на осетливи материјали како алуминиум и линолеум.