Компактната батериска дупчалка-одвртувач со напон од 10,8V е наменета за лесни и средни оптоварувања при дупчење и завртување. Оваа дупчалка има една положба за дупчење и 118 степени на прилагодување на моментот на затегање на завртките, благодарение на што има повеќекратна примена при работа со завртување на завртките и дупчење. Поседува вградена LED светилка која помага при работа во ограничен и темен простор. Меката рачка со ергономски дизајн овозможува пријатна работа, без потешкотии. Литиум-јонската батерија со мала маса и димензии ја олеснува долготрајната работа на непристапни места; покрај тоа, овој модел има и индикатор кој покажува колку батерија е преостанато. Дупчалката се испорачува во куфер со брз полнач (времето на полнење на батеријата е 30 минути) и резервна батерија.
Компактниот батериски ударен одвртувач со напон од 10,8V со максимален момент од 100 Nm е наменет за посложени одвртувања и завртувања. Квалитетното куќиште од лиен алуминиум обезбедува постојан вртежен момент. Овој одвртувач има вградена LED светилка која помага при работа во ограничен и темен простор. Mеката рачка со ергономски дизајн овозможува пријатна работа, без потешкотии. Литиум-јонската батерија со мала маса и димензии ја олеснува долготрајната работа на непристапни места; покрај тоа, овој модел има и индикатор кој покажува колку батерија е преостанато. Машината се испорачува во куфер со брз полнач и резервна батерија.
Moќна и компактна батериска дупчалка-одвртувач со напон од 14,4V, наменета е за лесни дупчења и завртувања. Благодарение на малата маса од само 1,25kg и малите димензии, идеална е за работа на непристапни места. Оваа дупчалка - одвртувач има можност за прецизно прилагодување на вртежниот момент на 18 различни нивоа, како и двостепен менувач на брзина за дополнително прилагодување. Футерот со брз систем на корисникот му овозможува брза и лесна промена на бургии или наставци, додека интегрираната LED светилка ја олеснува работата во темен простор. Дополнителна удобност и можност за долготрајна работа дава ергономичниот држач со изразен ефект на цврст зафат. Дупчалката се испорачува во куфер со брз полнач и резервна батерија.
Многу моќна и компактна дупчалка-одвртувач со прифат за бургија до 13mm. Оваа дупчалка има вграден индукциски (brushless) мотор чии основни предности се помалите трошоци за одржување и подолгиот работен век. Можноста за прилагодување на моментот на затегање на 16 различни степени и дава повеќекратна примена при работа со завртување и дупчење. Покрај тоа, вградената LED светилка ја олеснува работата во темни простории, додека ергономичниот дизајн и двокомпонентната рачка со ефект на цврст зафат овозможува пријатна и долготрајна работа без потешкотии. Куката за ремен го олеснува ракувањето при работата. Оваа дупчалка-одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.
Батериска ударна дупчалка со моќност на ударот од 2Ј, за лесно дупчење и штемување во градежништвото. Поседува индукциски (brushless) мотор кој овозможува значително подолг работен век и намалени трошоци за одржување. Оваа дупчалка има 3 различни режими на работа - дупчење, дупчење со чекан и само работа со ударен чекан. Вградената LED светилка обезбедува лесна работа во темни простории, додека ергономичниот држач со ефект на цврст зафат пружа удобност и можност за долготрајна работа без потешкотии. Оваа дупчалка се испорачува во пластичен куфер со брз полнач, резервна батерија и дополнителна рачка.
Исклучително моќен батериски ударен одвртувач со висок вртежен момент од максимални 1.000 Nm. Наменет е за силни и сложени зацврстувања и отпуштања на навои до најмногу M22. Има вграден индукциски (brushless) мотор, поради што работниот век на оваа машина е значително подолг, додека трошоците за одржување се пониски. Вградената LED светилка го прави овој одвртувач погоден за работа во темни простории, додека ергономичниот држач со ефект на цврст зафат пружа удобност при ракувањето и долготрајна работа без потешкотии. Овој одвртувач се испорачува во пластичен куфер со полнач и резервна батерија.