Напомена за правни лица : направете налог или најавете се за да ги видите големопродажните цени
Close
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите категории
    Filters
    Преференци
    Пребарување

    Средство за осигур. завртки средна цвртина

    1.100 со ДДВ
    Средство за осигурување на завртки со средна цврстина претставува осигурувач и заптивна маса на навојниот спој, а со помош на обичен алат може повторно да се демонтира. Средството за осигурување на завртките има повеќе предности. Може да се употребува на неисчистени и предходно не подготвени површини, на нерѓосувачки челик, хемиски стабилни површини каде што не се потребни "катализатори" или "активатори".Со употребата на овој спреј се спречува раздвојувањето предизвикано од вибрации и ударно оптеретување, со што се избегнуваат несаканите проблеми со осигурувањето.
    Поништи избор

    Својства и начин на делување:

    Во одсуство на воздух и под каталитичко дејство на металот, зацврстува во тврда термопластична маса. Осигурува и заптива спречувајќи самоодвртување при вибрации. Го штити навојниот спој од корозија. Посебно е погоден за примена на нерѓосувачки челик и пасивни метали и тоа без употреба на активатор и акцелератор и генерално на навојни споеви кои изискуваат честа монтажа и демонтажа поради одржување. Зацврстува и на површини кои не се потполно чисти и обезмастени. Има одлична отпорност на хемикалии и топлина. Одобрено е со DIN EN 751-1(DVGW). Одобрено и сертифицирано согласно NSF/ANSI стандардот 61.

    Боја: Сина

    Време на зацврстување: после 5 до 15 min

    Функционална цврстина: после 0,5 до 1 h

    Почетен момент на одвртување: > 21Nm

    Момент на понатамошно одвртување: 10 Nm

    Притисна/влечна цврстина: 8-12 N/mm2

    Температурен опсег на примена: -55°C до +150°C

    Примена:

    Монтажа - Анаеробни лепила и осигурувачи

    Упатство за употреба:

    Монтажа

    1. За оптимални резултати, пред нанесување на средството, одмастете ги, исчистете ги и исушете ги навоите. За одмастување препорачуваме употреба на Würth средства за монтажно чистење (видете Чистење и одмастување делови и површини). Во случај на помали остатоци од масла и масти, одмастувањето не е потребно. Ако деловите биле во контакт со воден раствор или остатоци од течности кои оставаат заштитен слој на површината, исперете со топла вода.

    2. а. Кај проодни отвори (завртка со навртка), нанесете неколку капки на надворешните навои на завртката, во делот кој ќе биде крајна позиција на затегање на навртката.

    2. b. Кај слепи отвори (завртка со глава и др.), нанесете неколку капки на надворешните навои на завртката и неколку капки на внатрешните навои на отворот.

    2. c. Кај слепи отвори (завртки без глава), нанесете неколку капки од средството со голема цврстина на надворешните навои на завртката, на делот кој оди во отворот и неколку капки на внатрешните навои на отворот.

    3. Спојте ја и затегне ја завртката на бараниот момент на затегање. Работна температура: од +5 до +35°C. Остатоците од истиснатото средство не зацврстува и можат да се исчистат со сува крпа или со крпа натопена со ацетон.

    Демонтажа

    1. Навојниот спој осигуран со средство со средна цврстина одвојте го со вообичаен рачен алат.

    2. Навојниот спој осигуран со средство со голема цврстина одвојте го со специјален алат или локално загрејте го на околу 250°C и одвојте го со соодветен алат додека е жешко.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се употребува кај пластика, а особено не на пластомери каде може да дојде до пукање на пластиката при оптоварување. Ако се користат водени системи за перење на површините пред примена на средството, задолжително да се провери компатибилноста на растворот за перење со средството. Таквиот начин на перење може да делува на зацврснувањето и на перформансите на средството. Да не се употребува во системи со чист кислород или богати со кислород. Да не се користи како заптивна маса заедно со хлор или други оксидациони материи.

    Напишете коментар
    • Можете да напишете коментар само по купување на производот
    • Само регистрирани корисници можат да напишат коментар
    *
    *
    • Лош
    • Одлично