Напомена за правни лица : направете налог или најавете се за да ги видите големопродажните цени
Close
(0) Артикли
Немате ставки во вашата кошничка.
Сите категории
    Filters
    Преференци
    Пребарување

    Средство за осигурување лежишта на покачена температура

    2.390 со ДДВ
    Средство за осигурување на лежишта со висока цврстина се користи за силно зацврстување на ракавци, чаури, запчаници, споеви на осовини и главчини и лежишта кои се изложени на големи оптоварувања и температура.Ова средство е отпорно на температури од -55 до +200 степени.Средството за осигурување на лежишта спречува настанување на корозија, оштетувања на контактните површини кои ги осигуруваме и пополнува зазори од 0.2mm.
    Поништи избор

    Својства и начин на делување:

    Одлична отпорност при изложување на високи температури (> 200°C). На 100°C задржува 85% од својата максимална цврстина. Спречува триење, корозија и запекување. При премена на обоени метали пожелно е употреба на специјално средство за активација на површината со цел да се подобри прилепувањето на контактните површини, а со тоа и да се забрза процесот на стврднување. Одобрено е со DIN EN 751-1(DVGW). Одобрено и сертифицирано согласно NSF/ANSI стандардот 6

    1.Максимален процеп: до 0,20 mm

    Време на зацврстување: после 30 до 40 min

    Функционална цврстина: после1 до 3 h

    Притисна/влечна цврстина: 30 -35 N/mm2

    Температурен опсег на примена: -55°C до +200°C (краткотрајно до +230°C)

    Упатство за употреба:

    Монтажа

    1. За оптимални резултати, одмастете ги и исчистете ги сите внатрешни и надворешни површини со средство за монтажно чистење .

    2. Пред употреба добро протресе го средството.

    3. a. Кај налегнувања без процеп, нанесете го средството по работ на осовината и со кружно движење спојте го со отворот за да постигнете добро нанесување на средството на деловите.

    3. b. Кај налегнувања со преклоп, внимателно нанесете го средството на двете контактни површини и спојте со втиснување. Поради нискиот вискозитет и доброто својство на влажнење, за оваа намена најдобро е да користите арт. бр. 0893603...

    3. c. Кај втиснување на топло, нанесете го средството на осовината, а делот со отвор загрејте го онолку колку што е потребно за да добиете процеп доволен за спојување. Спојте ги деловите и оставете температурите да се изедначат.

    4. Споените делови не смее да се поместуваат додека не се постигне потребната рачна цврстина.Работна температура: од +5 до +35°C. Анаеробните средства зацврстуваат во одсуство на воздух и под каталитичко дејство на металот. Остатоците од истиснатото средство не зацврстува и можат да се исчистат со сува крпа или со крпа натопена со ацетон.

    Демонтажа

    1. Локално загрејте го спојот на околу 250°C. Одвојте додека е жешко.

    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се употребува кај пластика, а особено не на пластомери каде може да дојде до пукање на пластиката при оптоварување. Ако се користат водени системи за перење на површините пред примена на средството, задолжително да се провери компатибилноста на растворот за перење со средството. Таквиот начин на перење може да делува на зацврснувањето и на перформансите на лепилото. Да не се употребува во системи со чист кислород или богати со кислород. Да не се користи како заптивна маса заедно со хлор или други оксидациони материи.

    Напишете коментар
    • Можете да напишете коментар само по купување на производот
    • Само регистрирани корисници можат да напишат коментар
    *
    *
    • Лош
    • Одлично